Нашите најдобри фудбалери одиграа нерешено со Белгија 1:1 во третата рунда во квалификациската група „Ј“ за место на Светското првенство во 2026 година.
Во прекрасен амбиент на Арената во Скопје, избраниците на селекторот, Благоја Милевски, покажаа храбра и бескомпромисна битка против главниот фаворит во групата предводен од големите ѕвезди, Де Бруин, Лукаку, Муниер, Доку. Гостите иако имаа поголем посед на топката и повеќе од играта, нашите фудбалери успеаја да испарираат и да се изборат за голем бод. Белгија поведе преку Кујпер во 28 минута или само шеесет секунди откако Барди и Алиоски во истиот напад ја погодија левата и десната статив на голот на Селс. Голот за изедначување дојде во 87-та минута кога Чурлинов одлично нафрли во шеснаестникот а Алисоки со одмерен удар ја затресе мрежата на противникот.
Во вториот меч во групата, Велс очекувано славеше против Лихтенштајн со 3-0. На табелата Велшаните се лидери со 7 бодови пред Македонија со 5, Казахстан со 3, Белгија со 1 бод од една средба и Лихтенштајн кој има три пораза во исто толку мечеви.

