Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два контролни натпревари на почетокот на јуни против Хрватска и Чешка, но за овие натпревари ќе биде ослабена затоа што селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на капитенот.
Енис Барди се повреди на последниот меч за Трабзонспор и како што изгледа повредата не е наивна. Се работи за повреда на рамото, која бара мирување, па така според информациите кои доаѓаат од Турција, Барди ќе мора да ги пропушти двата репрезентативни натпревари.
Двата пријателски меча против Хрватска и Чешка, Македонија ќе ги игра на гостински терен. Првиот е на 3 јуни кој ќе се игра во Ријека, додека вториот е на 10 јуни во Храдец Кралове.
Собирот на нашата репрезентација е денес во 12 часот во Скопје.