Нашите најдобри фудбалери со пораз од Бугарија на домашен терен го завршија настапот во Лигата на нации.
Исклучувањето на Тодоровски во 14 минута и голот на Десподов во 50-та беа клучните моменти на Арената во Скопје. Македонија иако со играч помалку имаше неколку добри шанси за изедначување но, недостасуваше вистинска завршница.
Гостите со освоените три бода не прескокнаа на второто место на табелата. Грузија заврши убедливо прва со денешната победа кај Гибралтар (2-1).