Македонските одбојкари ја совладаа Црна Гора со убедливи 3-0 и веројатно обезбедија место во фазата на елиминации на Европското првенство.
Во исполнетиот СЦ Борис Трајковски, избраниците на селекторот, Јошко Миленковски, во сите три сета беа супериорни и сосема заслужено ја обезбедија втората победа во групата.
Утре во третото коло наш противник ќе биде селекцијата на Полска која е фаворит за освојување на медал. Потоа ќе не чекаат и средбите со Холандија и Чешка.