По победата над Данска и двата дена одмор, вечерва македонската одбојкарска репрезентација од 20 часот ќе го одигра клучниот меч за пласман во втората фаза на Европското првенство 2023. Во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, вечерва, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски пред себе ја имаат селекцијата на Црна Гора, која по стартниот пораз од Холандија, денеска исто така во мечот со Македонија гледа шанса за успех.
Полна сала ќе биде уште еден плус за нашите репрезентативци, па затоа вечерва се очекува и многу подобра посетеност отколку на првиот дуел со Данците. Со селекцијата на Црна Гора последен пат игравме на пријателски меч пред две години и славевме со 3:0. Во четири меѓусебни дуели со нив имаме три победи и само еден пораз, кој датира од 2014 година во натпреварите во Европската лига.
Вечерва следете не во живо со сите најиважни информации пред и за време на натпреварот низ програмата на Спортско радио 90.3 фм.