Македонската репрезентација и дефинитивно ќе биде без услугите на Ферхан Хасани на мечот против Словенија во Љубљана.
Нашиот репрезентативец се повреди на вчерашниот дуел против Летонија и мораше да ја напушти играта во 23-та минута од натпреварот,а по денешните детални лекарски прегледи било утврдено дека се работи за скинато мускулно влакно поради што нема да може да помогне на неделниот натпревар против Словенците.
Селекторот Игор Ангеловски најави дека нема да повикува нов играч на местото на Хасани и дека ќе бара алтернатива од оние кои се во составот.
Македонија против Словенија игра в недела, 24. март, во Љубљана со почеток од 20.45 часот. Словенија успеа да освои бод на гостувањето кај Израел (1-1) и сега посакува победа пред своите навивачи.