Доцна вечер во Нион ќе бидат формирани групите за новата сезона во Лигата на нации во која нашата фудбалска репрезентација ќе биде активна во „Ц“ конкуренцијата.
Вкупно 55. Земји ќе бидат поделени во 4 лиги. „А“, „Б“ и „Ц“ ќе имаат 16 екипи поделени во 4 групи а во „Д“ 7 екипи кои ќе формираат група со 4 екипи и една со 3. Првите две кола ќе се играат во периодот 2-8 јуни 2022 година. Победниците во 4-те групи од Лигата „А“ ќе учествуваат на фајнл-форот за одредување на шампионот во јуни во 2023 година. Победниците од другите три лиги ќе освојат промоција во повисок ранг. Форматот на квалификациите за ЕУРО 2024 се уште не е потврден, вклучително и детали дали екипите кои ќе се квалификуваат во плеј-офот во Лигата на нации ќе имаат шанса за учество на Европското првенство. Регулативата за ЕУРО 2024 се очекува да биде одобрена и објавена до јуни 2022 година.
Во групата „Ц“ како носители се поставени Турција, Словачка, Бугарија, Северна Ирска. Во втората група се сместени Македонија, Грција, Белорусија, Луксембург. Во третата, Литванија, Грузија, Азербејџан, Косово и во последната според рејтiнгот, Казахстан / Молдавија, Кипар / Естонија, Гибралтар, и Фарски Острови.

