Македонската фудбалска репрезентација денеска заминува за Копенхаген, каде в четврток од 20.45 часот се среќава со Данска во првиот меч од баражите за пласман на Светското првенство 2026.
Селекторот Гоце Седлоски со своите избраници вчера имаше можност да одржи комплетен тренинг и полека да ја подготвува стратегијата за четврточниот дуел. Нашата селекција во Копенхаген утре ќе има простор да го одработи и официјалниот тренинг и да одржи редовна прес-конференција.

