Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги дозна своите противници во претстојните квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година во Словачка.
Во седиштето на УЕФА во Нион, денеска беа извлечени деветте квалификациски групи, а Македонија ќе се натпреварува во групата Ц. Противници на нашите репрезентативци предводени од селекторот Драган Канатларовски ќе им бидат Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар.
Квалификациски групи на патот кон ЕП 2025:
Група A: Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино
Група Б: Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта
Група Ц: Холандија, Шведска, Грузија, Македонија, Молдавија, Гибралтар
Група Д: Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија
Група Е: Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија
Група Ф: Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург
Група Г: Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора
Група Х: Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар
Група И: Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија

Квалификациите стартуваат во март, а ќе траат до октомври следната година. Победниците на групите и трите најдобри второпласирани одат директно на завршниот турнир. Останатите шест репрезентрации кои ќе бидат втори во групите ќе играат меѓусебен плеј-оф за место на Европското првенство.