Македонскиот клупски фудбал се наоѓа на 45. место на официјалната листа на УЕФА по последните натпревари оваа недела во европските купови. По одличните настапи на Шкендија, Македонија рапидно напредуваше на листата и сега е веднаш зад Албанија, а ги пројдовме земјите како Литванија, Северна Ирска, Белорусија, Црна Гора…
Македонија е единствената земја која е под 40-тото место на УЕФА листата, а која се уште има свој претставник во европските купови, и тоа во името на Шкендија, која на 19 февруари во Скопје ќе го пречека турски Самсунспор во првиот натпревар од плејофот за место во осминафиналето на УЕФА Конференциската лига.


