Македонската фудбалска репрезентација го исполни сонот. Славиме во Тбилиси со 1:0 со голот на Горан пандев во 56. минута и успеавме да го исполниме сонот на генерации македонски фудбалери, да заиграме на завршницата на големиот континентален собир идната година.
Во меч со две различни полувремиња, Македонија заслужи победа. Во првиот дел домашните имаа за нијанса повеќе од играта, ние бевме внимателни и не успеавме да креираме шанса за гол. Во второто полувреме по брилијантната калчо-комбинација на триото Елмас, Несторовски, Пандев, нашиот капитен и најдобар фудбалер успеа да ја протне топката во мрежата на домашниот голман Лорија и да донесе голема радост.
Македонија слави и следната година ќе ја гледаме на ЕУРО 2020! Време е за славење на најголемиот репрезентативен клупски успех!!!

