Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови против Ерменија во рамките на 4. коло во групата „Ј“ за пшласман на Мундијалот во Катар.
На арената во Скопје во главно изедначена игра со акцент на средината на теренот, избраниците на новиот селектор, Благоја Милевски, упатија само еден удар во рамките на голот додека противниците имаа исто така скромни три шута. Во другите два меча во нашата група, Германија победи кај Лихтенштај со 2-0 додека Романија со идентична победа се врати од гостувањето на Исланд. На табелата, Ерменија е лидер со 10 бодови, Германија има 9, Македонија 7, Романија 6, Исланд 3 а Лихтенштајн 0.
Во наредното коло на 5 септември ние ќе гостуваме кај Исланѓаните, „панцирите“ ќе ги пречекаат Ерменците додека Романците ќе бидат домаќини на Лихтенштајн.