Македонија одлично ги започна квалификациите за ЕП 2026 година, со убедлива победа на гостувањето кај Грузија. Македонските одбојкари славеа во Тбилиси со максимални 3:0 и ја оправдаа улогата на фаворит на оваа средба. Македонија славеше со максимални 3:0 по сетови (12-25, 14-25, 18-25)
Со оглед на она што го покажаа нашоте одбојкари во сите три сета, Грузија немаше никакви шанси против одлично расположените македонски репрентативци. Во првиот сет Грузија беше рамноправна само во првите неколку поени, по што следуваше серија на нашите репрезентативци кои направија убедлива предност која на крајот им донесе предност од 1:0 (25:12). Во сличен стил избраниците на Хари Наковски играа и во вториот сет кој го добија со 25:14, додека малку поголем отпор од Грузија добија во третиот сет кој го добија во своја корист со 25:18.
Одлично издание имаше Љафтов со 14 поени, додека капитенот Никола Ѓоргиев реализираше 12. Трет поентер кај Македонија беше Филип Савовски со 11 поени.
Следниот викенд ќе биде првиот голем тест за нашите репрезентативци затоа што во Скопје ја пречекуваат репрезентацијата на Грција, меч кој може да биде клучен за првото место во групата „Ф“ кое директно води на ЕП 2026 година.

