Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров официјално го претстави второто засилување во овој летен преоден рок.
По Ермедин Адем, претставен е и крилниот напаѓач Лука Трајкоски (19) кој доаѓа од Победа Прилеп.
„Среќен сум за моето доаѓање во Македонија Ѓорче Петров и се чувствувам одлично во новата средина. Задоволен сум од она што го видов досега, од тоа како клубот е организиран и функционира и се’ укажува на тоа дека како млад играч ќе имам шанса да напредувам. Ветувам дека ќе дадам се’ од себе и достојно ќе го носам овој дрес”, изјави Лука Трајкоски.