Македонија Ѓорче Петров со пораз ја започна својата европска сезона. Во првиот меч од првото коло од квалификациите на Конференциската лига на УЕФА, „лавовите“ беа поразени во Скопје од летонска РФС Рига со 1-0.
Единствениот гол беше постигнат во првото полувреме. Во 34. минута, по додавањето на Куадио, најдобриот стрелец на гостите Андреј Илиќ се најде на вистинското место и погоди за предност на својата екипа.
Во вториот дел ѓорчепетровци имаа шанси за израмнување, но без вистинска реализација. Во судиското надополнување Куадио ја погоди пречката од голот на Стевковски, па Македонија ЃП на крајот можеше да биде поразена и поубедливо.
Реваншот во Рига се игра следниот четврток.