Македонската фудбалска репрезентација го одигра последниот натпревар на својот деби настап на Евро 2020. Поразени од селекцијата на Холандија со 3:0 иако мора да се признае дека нашата репрезентација заслужи да постигне гол на оваа средба затоа што имаше неколку шанси, погодена статива и поништени голови.
Натпреварот почна добро за нашата репрезентација со првата шанса за гол која ја имаше Тричковски во 10.минута кога постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд. Втората убава шанса Македонија ја имаше прекуи Трајковски кој ја погоди стативата од голот на Холандија, а веднаш потоа Холандија успеа да дојде до предност со 1:0 откако пред шеснаесетникот на домашната репрезентација имаше старт над Пандев кој не беше санкциониран, а во контранападот Холандија дојде до предност преку Мемфис Депај во 24.минута. До крајот на првиот дел Холандија имаше уште неколку чисти шанси за да го зголеми своето водство, но одличен на голот беше Столе Димитриевски. На стартот на вториот дел два брзи гола на Вајналдум за водство на Холандија од 3:0 со головите во 51-та и 58-та минута од средбата со што беше решено прашањето на победникот на оваа средба.
Во 69-та минута од натпреварот Горан Пандев ја напушти играта на последниот натпревар во дресот на репрезентацијата на Македонија и доби аплауз од присутните гледачи на „Јохан Кројф“ арената, но и од сите наши репрезентативци кои ја испратија фудбалската легенда на Македонија во заслужена репрезентативна „пензија“.
Пред почетокот на натпреварот, навистина одличен гест на репрезентацијата на Холандија, му подарија дрес на холандската репрезентација на нашиот капитен со неговото име и бројот 122 (бројот на настапи во нашата репрезентација).