Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија гостува во Тбилиси, потребна е убедлива победа за останување во трка за првото место
    Фудбал

    Македонија гостува во Тбилиси, потребна е убедлива победа за останување во трка за првото место

    risteBy riste23/09/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија денес гостува кај Грузија во клучниот натпревар за исходот на врвот во групата 4 од Лигата на нации Ц конкуренцијата. Македонија е во лоша положба , пред се поради високиот пораз кој го доживеавме во Скопје од 0:3, па сега доколку сакаат да го нападнат првото место на Грузија, нашите фудбалери треба да победат со поголема разлика.

    Тбилиси е местото каде се игра оваа средба, тоа е градот кој ќе остане забележан во историјата на мак-фудбалот, бидејќи токму таму нашата најдобра селекција обезбеди пласман на историското Европско првенство, сега сепак ситуацијата е различна. Само победа со три или повеќе разлика ја остава Македонија во игра за првото место, а сите останати исходи ќе значат опстанок во Лигата Ц и за следното издание. Сепак, со тоа важно е дека се губи шанса преку ова натпреварување да се игра нов бараж за пласман на Европското првенство. Од националниот тим отсуствата се навистина бројни, но и важни. Пред сè, можеби најмногу ќе недостига капитенот Стефан Ристовски, тука е и името на неговиот соиграч од Динамо Загреб, Аријан Адеми, а со сигурност нема да играат Дарко Чурлинов, Тихомир Костадинов и Ваљон Етеми. Милевски реагираше во одбраната па го повика Егзон Бејтулаи, додека средината и нападот останаа со веќе повиканите играчи.

    Досега Македонија и Грузија имаат четири меѓусебни пресметки, со идентичен скор од по една победа и две нерешени средби со по 1:1. На клупата на Грузија е француската легенда Вили Сањол, додека Квича Квараташкелија игра во неверојатна форма во Серија А, а останатите одлично го надополнуваат. Во нашата репрезентација ги имаме Елиф Елмас, Енис Барди, Александар Трајковски, Столе Димитриевски кој треба да им дадат импулс на помладите.

    Натпреварот во Тбилиси започнува во 18 часот. По натпреварот со Грузија Тбилиси, нема време за одмор, бидејќи веќе в понеделник од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ ја пречекуваме Бугарија. Значењето на овој натпревар ќе зависи во огромна мера од денешната пресметка со Грузија. Доколку Македонија ја исполни целта и успее да победи убедливо, тогаш против Бугарија ќе треба да се потврди првото место. Сепак, доколку тоа не е случај тогаш ќе се игра натпревар за престиж. Без оглед на исходот во Грузија, за натпреварот в понеделник против Бугарите, се очекува победа на Македонија за достојно завршување на третото издание на Лигата на нациите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    27/03/2023

    И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти

    27/03/2023

    Денеска тест против Фарските острови

    27/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.