Нашите најдобри ракометари по убедливата победа на домашен терен против Луксембург на стартот на квалификациите за Европското првенство во Германија во 2024 година, денеска ќе гостуваат кај Турција.
За разлика од првиот меч, селекторот, Кире Лазаров, денеска ќе излезе со нови четири имиња на списокот. Тоа се : Дејан Манасков, Михајло Младеновиќ, Костадин Петров и голманот, Мартин Томовски.
Паралелно со мечот во Турција од 16.00 часот ќе се реализира и дуелот меѓу Луксембург и Португалија. Во првото коло ние победивме против Луксембург со 38-24 а Португалците ја совладаа Турција со 44:27.