Дербито во „Ц“ конкуренцијата во фудбалската Лига на нации меѓу Македонија и Грузија одиграно во Скопје заврши нерешено 1:1 откако Алиоски погоди од белата точка во последните минути од мечот.
Претходно Грузија дојде до предност со голот на Кваратчкелија во 74. минута откако експресно го искористи исклучувањето на Димитриевски кој реагираше со рака надвор од голманскиот простор.
Во вториот дуел во групата Естонија и Ерменија одиграа 1:1 по што Македонија и Грузија го делат првото место со по 6 бодови пред Ерменија со 5 и Естонија со 2 бода. Во наредното коло на 15 ноември ние ќе бидеме домаќини на Естонците додека Грузија ќе ја пречека Ерменија.

