Македонската фудбалска репрезентација У21 го претрпе првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.
На теренот – „Петар Милошевски“ во Скопје, избраниците на селекторот, Драган Канатларовски, загубија од главниот фаворит во групата Холандија со 2-0. Првиот гол го постигна Ноа Охајо во 68. минута по еден продор од левата страна додека само 4 минути подоцна Тејлор погоди од белата точка. На табелата Холандија е лидер со максимални 6 бодови додека Македонија, Грузија, Молдавија и Шведска имаат по 3. Гибралтар е на последното место без бод.
Нашите млади фудбалери на 17 октомври во рамките на 3 коло ќе гостуваат кај Молдавија. Неколку денови претходно Грузија ќе биде домаќин на Холандија (12.10.23) а Шведска ќе се сретне со Молдавија (13.10.23).