Македонските одбојкари го претрпеа и вториот пораз во групата „Ц“ на Европското првенство. Тие денеска во СЦ Борис Трајковски, загубија од фаворитот Холандија со 3-0 по сетови 25:19, 25:19 и 25:16.
Селекторот, Јошко Миленкоски, го немаше во тимот главниот коректор и воедно капитен, Никола Ѓорѓиев, кој пред мечот се пожали на болки во рбетот. Во нашиот тим Љафтов запиша со 14 поени додека кај „лалињата“, Абдул-Азиз имаше 15-ет.
Утре Македонија и Чешка ќе имаат директен дуел за третото место во групата. Двете земји досега имаат по две победи и два пораза. Мечот ќе започне во 20.00 часот.