Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија и Ирска со пријателски натпревар во Даблин ќе ги лечат раните по полуфиналните порази
    Фудбал

    Македонија и Ирска со пријателски натпревар во Даблин ќе ги лечат раните по полуфиналните порази

    risteBy riste31/03/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува во Даблин кај Република Ирска во пријателски натпревар, откако беше елиминарана во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026.

    Нашиот национален тим беше поразен од Данска во Копенхаген со 4:0, со што пропаднаа надежите за нов историски настап на големо натпреварување, додека Ирска исто така го завршија својот пат кон Светското првенство оваа година.

    Домашната селекција очекуваше дека вечерва на „Авива“ стадионот во Даблин ќе се борат за настап на Мундијалот, меѓутоа добија пријателски меч со Македонија и разочарани немаат многу интерес кај домашните фанови. 

    Од друга страна дуелот со Ирска доаѓа како можност за новиот селектор Гоце Седлоски да направи одредени промени во составот, но и да им даде минути на фудбалери кои беа во втор план на претходниот натпревар. Се очекуваат неколку ротации, а во однос на мечот во Копенхаген во нашиот состав ги нема Бојан Миовски и Јани Атанасов (поради повреда) кои се вратија во клубовите, како и Александар Трајковски кој се откажа од играњето за националниот тим. Токму од овој натпревар започнува создавањето на една нова селекција на Македонија која треба да биде според размислувањата на Гоце Седлоски. Самиот Седлоски најави дека во следниот циклус квалификации треба да се очекуваат веројатно и промени во националниот тим почнувајќи од јуни.

    Кога Ирска игра пред своите фанови секогаш се незгодни, а иако натпреварот нема резултатско значење, домашните со сигурност сакаат да победат за некаква утеха по изгубената шанса да играат на СП.

    Досега Македонија и Република Ирска имаат одиграно 6 официјални натпревари од квалификациите за ЕП и за СП. Ирска има 4 победи, Македонија една , а еден натпревар завршил нерешено. Во квалификациите за Европските шампионати имаме четири меѓусебни средби од кои само на еден натпревар било нерешено 1:1, останатите три ги добила Ирска. Додека во квалификациите за СП, Македонија ја има остварено единствената победа против Ирска и тоа во Скопје на 2. Април 1997 година кога победивме со 3:2.

    Главен судија на натпреварот ќе биде Велшанецот Иван Арвел Грифит, а дуелот започнува во терминот од 20:45 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.