Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и вториот пораз во Златната Европска лига, откако загуби од селекцијата на Словачка со 3:0, по сетови 25:21, 25:22 и 25:23.
Македонија одигра многу подобар меч од оној против Финска, но не успеаја да извлечат позитивен резултат, иако во вториот сет беа во игра за преземање на водството при самиот крај. Македонија го загуби првиот сет со 25:21, з аво вториот да ја подобри играта и да добие поен повеќе (22). Сепак нашите одбојкари беа најдобри во третиот сет кој го загубија со 25:23.
Следен натпревар за нашата репрезентација ќе биде оној против Летонија, кој ќе се одигра на 13.јуни во 17:00 часот.

