Нашите кошаркари иако одиграа храбро и максимално мотивирано против големиот фаворит Италија, на крајот останаа без бодови на стартот на квалификацискиот турнирот за Евро-шампионатот кој се реализира во Перм.
Во нашиот табор најпрецизен беше Димитријевиќ со 24 кошеви, Вајли во деби настапот дојде до 17 а Војдан Стојановски го заврши мечот со 15 поени. Кај „аѕурите“ се издвоија Теситори со 18, Спици со 13 и Ричи со 11 кошеви.
Утре нашите кошаркари на турнирот во Перм ќе излезат на мегдан со домаќинот, Русија. мечот ќе започне во 15.30 часот.

