Нашата футсал селекција денеска ја совлада Албанија со 3 спрема 2 и го освои убедливо првото место во претквалификациската група која се одигра во Скопје во СЦ Јане Сандански.
Головите за нашата селекција во мечот кој беше исполнет со пресврти ги постигнаа Седат Зибери (2) и Таулант Исмаили. Мора да се издвои и одличната партија на голманот Антонио Петровски.
Нашите футсал-репрезентативци во наредната фаза ќе играат во групата во Украина. Таму покрај домаќинот, противници ќе ни бидат Словенија и Косово.