Нашите најдобри фудбалери со денешната победа против Гибралтар со 4 спрема 0 го потврдија првото место во групата и пласманот во полу-финалната рунда во Лигата на нации.
На мечот во Скопје, Несторовски постигна два гола додека Барди и Трајковски реализираа по еднаш во мрежата на гостите. Во вториот меч во нашата група Лихтенштајн и Ерменија одиграа нерешено 2:2.
Во Лига „Д“ – селекциите на Грузија, Белорусија и Македонија имаат место во плеј-офот. Последниот патник во таа фаза ќе го даде утрешниот меч меѓу Косово и Азербејџан.