Македонската одбојка дочека во еден ден да биде сведок на настап на две наши репрезентации во Европската лига, односно ден во ко јшто двете наши сениорски репрезентации ќе играат во иста сала, една по друга.
Утре (среда – 31.мај во Скопје, во арената „Борис Трајковски“ дамите ќе ја пречекаат Летонија, а одбојкарите ќе излезат на мегдан против Белгија.
Пред одигрувањето на овие натпревари на прес-конкреренција своите очекувања ги искажаа селекторите и капитените на двете репрезентации.
Селекторот Јошко Миленковски ќе има можност повторно да ја води нашата репрезентација пред домашната публика.
„Навистина имам голема возбуда што повторно ќе бидам заедно со овие момци пред домашната публика, со овие играчи сме правеле големи изнедаувања, можеби не сме 100% подготвени затоа што тре недели не е период за да се подготвиш максимално, но тоа е за сите репрезентации во нашата група.Уживаме на тренинзите, работиме мотивирано и квалитетно и тоа ни дава сигурност дека сме на прав пат. Оваа златна лига е еден вид ЕП според квалитетот на селекциите, а за нас ќе биде добро искуство пред она што не очекува на ЕП“ рече Миленковски.
Капитенот Никола Ѓорѓиев најнапред им посака успех на девојките и им даде поддршка во име на машката репрезентација.
„Би сакал како капитен во името на машката репрезентација да и посакам успех на девојките, а што се однесува до нас, ние оваа година вртиме една нова страница, со нов селектор и стручен штаб и е вистински задовоство за нас играчите да работиме со врвен стручњак како Јошко Миленсковски.Жал ми е што против Украина не успеавме да направиме подобар резултат иако игравме два добри сета, но сега е време за Белгија и се надевам дека ќе одиграме подобро и дека ќе победиме.Мислам дека играат одлично блок и одбрана, но сепак се потенки на центарските позиции, се надевам дека ќе успееме да ја израдуваме македонската јавност со победа против Белгија“ изјави Никола Ѓорѓиев, капитен на нашата репрезентација.

