Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонија ја победи Португалија и го освои златото на „Девелопмент Купот“
    Домашен микс

    Македонија ја победи Португалија и го освои златото на „Девелопмент Купот“

    risteBy riste21/11/2018No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската хокеарска репрезентација го освои златниот медла на ИИХФ Девелопмент Куп во Германија каде во конкуренција на земјите кои немаат хокеј арена (Македонија, Португалија, Ирска и Андора) го освои првото место.

    Во финалето нашата репрезентација убедливо ја совлада селекцијата на Португалија со 9:3. Македонија доминираше на целиот овој настан, и со своите настапи потврди дека е зрела за да добие и затворена хокеј арена за развој на овој спорт.

    Македонија оствари 5 победи во 5 натпревари на ова неофицијално Светско првенство на земји без хокеј арена кое се одржа во градот Фусен – Германија.

    Со овој резултат и со се она што досега направија овие момци од репрезентацијата заслужуваат државата конечно да најде начин и да ја изгради толку посакуваната хокеј арена.

    Првиот човек на Македонската хокеј федерација, Никола Тасев веднаш по овој успех реагираше на својот фб профил со коментар за настапот и за тоа што и е потребно на Македонија, а тоа е хокеј арена.

    НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА!!!

    Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup.
    ГО ОСВОИВМЕ!!!
    Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови. 
    Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!!
    15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена!
    НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка.
    Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!!

    Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот….овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас.

    ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА – НИ ТРЕБА АРЕНА!!!

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.