Одбојкаската репрезентација на Македнија ќе игра на ЕП 2021 година откако како второпласирана од групата Ц ќе се најде на завршницата на ЕП.
Во решавачкот напревар одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ нашите одбојкари ја совладаа Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18) и со тоа обезбедија место на Европското првенство.
Македонија одлично го зпаочна натпреварот и дојде до предност од 1:0 по првиот сет со 25:19. Во вториот сет Турција успеа да го освои сетот кој им гарантираше прво место во групата, додека во третиот и шетвртиот се одлична игра на Макеоднија која со 25:23 и 25:18 успеа да дојде до посакуваната победа од 3:1.
Со ова Македонија по втор пат едноподруго ќе биде дел од Европското првенство што е добро за нашата одбојка.

