Претставници на фудбалските Асоцијации на Македонија, Италија, Португалија и Турција, учесници во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство 2022 одржаа „on-line“ состанок на кој беше разговарано за организациските планови за дуелите во март догодина, стои во објавата на сајтот на ФФМ.
Македонија во Палермо на 24. март против Италија ќе го одигра првиот натпревар за место во финалето за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Според правилникот, нашата федерација ќе може да смета на близу 1300 влезници (пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот – „Ренцо Барбера“. Нашата репрезентација ќе биде гостин и на евентуалниот финален натпревар.
Вториот бараж меѓу Португалија и Турција ќе се одигра на „Драгоа“ во Порто а доколку португалците обезбедат финале, мечот ќе го одиграат на истиот терен. Во случај Турција да ја совлада Португалија, Турската фудбалска Федерација го одреди стадионот на Коњаспор за домаќин на финалето.