Министерот за здравство Фенко Филипче денеска на прес конференција објави дека се забрануваат спортски настани со присуство на публика во следните 30 дена што автоматски значи дека мечот Македонија – Косово ќе се игра пред празни трибини.
„Се забрануваат секакви спортски настани со публика во следните 30 дена на територијата на цела Македонија. Се забрануваат секакви активност во градинки, основни и средни учичишта во следните 14 дена, како и јавни собири на отворено и затворено со над 1.000 луѓе“ -објави Филипче на прес-конференцијата.
Тоа значи дека и ракометарите на Вардар наредните дуели со Нексе во СЕХА и Пик Сегед во осминафиналето во ЛШ ќе ги играат без публика.

