Нашите најдобри ракометари забележаа нова победа на Светското првенство во Германија и Данска. Тие во рамките на второто коло во групата „Б“ славеа на мечот со Бахреин со 28 спрема 23 откако по првиот дел имаа предност од 12 спрема 8.
Триумфот можеше да биде и поубедлив доколку селекторот Раул Гонзалез во финишот не се определи да им даде шанса на помладите и да ги одмори поискусните. Капитенот Кире Лазаров со осум голови беше лидер кај стрелците и сосема заслужено го доби признанието за играч на мечот. Дејан Mанасков и Филип Кузмановски постигнаа по 4 голови додека Филип Кузмановски и Мартин Поповски имаа по три.
Македонија утре во 3 коло ќе излезе на мегдан со селекцијата на Хрватска. Средбата ќе стартува во 18.00 часот во арената во Минхен.