Македонските фудбалери ја расплакаа Италија во срцето на Сицилија. Голот на Трајковски во судиското надополнување ги фрли на колена европските шампиони а ја вивна Македонија на фудбалското небо.
„Аѕурите“ имаа тотална доминација од првата до последната минута, но, срцето на македонските „рисови“ машки ја издржа битката.
Сега треба да се направи последниот чекор голем како планина и да се надиграат Португалците предводени од Роналдо.