Двата гола на Бруно Фернандеш ја запреа Македонија да направи сензација во Порто и да замине на Мундијалот во Катар.
Првиот гол во 23 минута и вториот во 65 –та ја потврди и резултатски доминацијата на Португалија која со трумфот од 2-0 си обезбеди виза за Светското првенство кон крајот на годинава.
За нас во овој циклус ќе останат забележани големите победи против Германија (во група) и Италија (бараж) кои ќе останат запишани во историјата на мак-фудбалот.