Македонија има две победи, четири порази и еден нерешен резултат во меѓусебниот скор со бугарската репрезентација во досега одиграните натпревари. Сепак, последниот меѓусебен натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој беше одигран во 2016 година, го доби Бугарија со 2:0, но голем дел од нашите сегашни репрезентативци не беа во тој состав.
Меѓусебни натпревари меѓу Македонија и Бугарија:
12 април 1994: Македонија – Бугарија 0-0
28 мај 1996: Бугарија – Македонија 3-0
25 март 1998: Македонија – Бугарија 1-0
15 август 2001: Бугарија – Македонија 1-0
1 март 2006: Македонија – Бугарија 0-1
14 август 2013: Македонија – Бугарија 2-0
29 март 2016: Македонија – Бугарија 0-2
Денешниот натпревар во Разград (18:00 часот) и септемврискиот во нашата земја се идеална шанса да ја подобриме меѓусебната статистика, но исто така да одиме кон првото место во групата во Лига Ц од Лигата на нации.