Нашите најдобри кошаркарија ја прегазија Норвешка во Осло со 79-41 и го обезбедија првото место во групата во претквалификациите за ЕП во 2025 година. Избраниците на селекторот Јончевски го завршија цилкусот со пет победи и само еден пораз и го продолжија патот кон Европското првенство.
На мечот во Скандинавија повтoрно блесна Американецот, Ти-Џеј Шортс, кој постигна 22 поени а имаше и шест скокови и пет асистенции. Војдан Стојановски го заврши мечот со 16 поени и пет скокови.
Македонија сега ја очекуваат квалификациите кои ќе се реализираат со осум групи со по четири земји а пласман на ЕП ќе обезбедат по трите најдобри репрезентации. Натпреварите ќе се играат во ноември 2023, февруари и ноември 2024 и февруари 2025 година.