Македонија уште еднаш се покажа како незгодна селекција за Италија, не дозволи да биде поразена на својот стадион откако одигра нерешено 1:1.
Италија се закани во 16.минута кога Кристанте шутираше со глава, но покрај голот на Македонија.Првата шанса за Македонија беше во 19.минута по центаршутот на Алиоски, Бојан Миовски со глава од неколку метри не го погоди голот на Донарума.
Во 21.минута Сандро Тонали шутираше силно и го погоди дирекот на голот на Димитриевски за среќа на нашата репрезентација, резултатот остана непроменет. Езџан Алиоски во 32.минута шутираше остро од страна, но неговиот удар беше изблокиран во корнер.
До крајот на првиот дел немаше посериозни шанси и на одмор се замина без голови.

На стартот на второто полувреме, во 47.минута Италија дојде до предност со голот на Чиро Имобиле кој откако беше погодена пречката , одбиената топка дојде до него и ја смести во нашиот гол.
Македонија успеа д аго израмни резултатот во финишот од натпреварот кога Енис Барди постигна прекрасен погодок од слободен удар во 81.минута од натпреварот, а то абеше и конечниот резултат на оваа средба.
Сега нашата репрезентација ја очекува гостување кај Малта на 12 Септември, а со победа на ова гостување можеме да го поправиме пласманот на табелата во нашата група.

