Фудбалерите на Вардар не успеаа да поминат во второто елимианциско коло во Лига Европа откако и во реваншот загубија од Пјуник со 2:0.
„Црвено-црните“ на Арената во Скопје одиграа разочарувачки и без идеја како да ја анулираа негативата од првиот натпревар додека остите трпеливо ги дочекаа нивните минути и преку Балде во 85-та и Конате во 89-та минута успеаа два пати да погодат во мрежата на нашиот тим.
Вардарци по само два меч ќе и кажат збогум на Европа.Тоа претходно им се случи и на Шкупи и на Работнички.