Нашата фудбалска репрезентација останува на 65-то место на новата ранг листа која ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Македонските репрезентативци бидејќи немаа ниту еден меч во претходниот месец, останаа со 1.362 поени. Наредните обврски за избраниците на Ангеловски ќе бидат во март кога ќе ги стартуваме квалификациите за Светското првенство со дуелите против Романија, Лихтенштајн и Германија.
На чело на ФИФА останува Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.

