Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 68-та. позиција на последната ранг листа на ФИФА.
На истата оваа позиција беше нашата репрезентација и претходниот месец, а по победата над Лихтенштајн и поразот од Ерменија во Лигата на нации не се смени ништо и Македонија остана на 68-то место. Од нашите конкуренти во групата од Лигата на нации, Ерменија е 101-ва со пад од едно место, Лихтенштајн е на 182 место со пад од 4 позиции, а овој месец Гибралтар со скок од 8 места се проби на 190-то место.
На врвот е Белгија, пред Франција, Бразил, Хрватска и Англија кои ја сочинуваат првата петорка, а меѓу првите десет селекции уште се Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.
Во последните два натпревари од Лигата на нации, напата селекција ќе игра против Лихтенштајн и Гибралтар каде со победи би можеле да освоиме нови бодови и да очекуваме напредок од некоја позиција.