Марио Мицковски и Стефан Трпковски од Специјална олимпијада Македонија освоија златни медали на Летните олимписки игри кои се одржуваат во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.
Тие медалите ги освоија во пливање на 50 метри слободен стил. Тоа се првите медали на учесниците од нашиот тим кој има 26 члена. Веднаш потоа македонските олимпијци од Специјалната Олимпијада забележаа нов успех откако атлетичарот Ардијан Шабани освои два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.
Македонската специјална олимпијада замина во Абу Даби со 26 членови кои се натпреваруваат во пливање, атлетика и унифајт кошарка. Летните олимписки игри во Абу Даби се одржуваат од 14 до 21 март со над 7.000 учесници од 190 земји кои се натпреваруваат во 24 спортови.