Дејан Георгиевски, со големи букви ќе биде запишан во македонскиот спортски алманах откако обезбеди сребрен медал на Олимпијадата во Токио.
Тој во финалето во таеквондо во плус 80 килограми загуби на поени со 15:9 од светскиот шампион Русинот, Владислав Ларин. 22-годишниот Георгиевски со денешните победи против Алба Кастилјо (Куба), Седу Гбане (Брег Слонова Коска), Кјо Дон Ин (Кореја), успеа да го надмине остварувањето на натурализираниот борач, Могомед Ибрагимов, кој на Игрите во Сиднеј во 2000 година освои бронзен медал што досега беше и единствениот за мак-спортот по осамостојувањето на Олимписките Игри.
Еве ги сите македонски спортисти кои обезбедиле медал на ЛОИ додека настапувале за поранешна Југославија.
– ЛОИ 1965, Мелбурн, Австралија – Благоја Видиниќ, фудбал (сребро)
– ЛОИ 1960, Рим, Италија – Благоја Видиниќ, фудбал (злато)
– ЛОИ 1976, Монтреал, Канада – Благоја Георгиевски-Буштур, кошарка (сребро) и Аце Русевски, бокс (бронза)
– ЛОИ 1980, Москва, Русија – Шабан Сејдиу, борење (бронза)
– ЛОИ 1984, Лос Анџелес, САД – Шабан Трстена, борење (злато), Реџеп Реџеповски, бокс (сребро), Милко Ѓуровски, фудбал (бронза), Шабан Сејдиу, борење (бронза)
– ЛОИ 1988, Сеул, Јужна Кореја – Стојна Вангеловска, кошарка (сребро) и Шабан Трстена, борење (сребро)