Нашата најдобра фудбалска репрезентација која победи против Ерменија и одигра нерешено на теренот на Грузија на стартот на новото издание на Лигата на нации, сосема очекувано прогресираше на ранг-листа на ФИФА.
Македонија сега има 1.351 бод и го држи 66-то место. На чело е селекцијата на Белгија пред Франција и Бразил.
Нашиот противник во баражот за ЕП, селекцијата на Косово се спушти за едно место на 116-та позиција.

