Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија падна за 5 позиции и сега е 73-та на ФИФА ранг листата
    Фудбал

    Македонија падна за 5 позиции и сега е 73-та на ФИФА ранг листата

    risteBy riste14/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација се најде на 73-та позиција на последното ФИФА рангирање објавено денес.

    Двата порази против Полска и Австрија во квалификациите за Европското првенство не спуштија за 5 позиции надолу во однос на претходното рангирање од минатиот месец. По шест победи во серија на домашен терен, избраниците на селекторот Игор Ангеловски имаа два порази пред својата публика што донесе пад на ФИФА ранглистата. Од нашите противници во групата Полска е најдобро рангирана на 19-то место, додека Австрија се проби на 26-та позиција.

    На врвот и понатаму е Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија која скокна за две места по победата во Лигата на нации и сега го држи петтото место. Во ТОП 10 уште се наоѓаат и селекциите на Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.

    Интересно е тоа што Германија и Аргентина се на делба на 11-то место, додека зад нив се Колумбија, Италија и Холандија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.