Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија со победа се враќа од Гибралтар, славевме со 2:0
    Фудбал

    Македонија со победа се враќа од Гибралтар, славевме со 2:0

    risteBy riste06/09/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нашата фудбалска репрезентација ја оправда улогата на фаворит на стартниот меч од новото натпреварување на УЕФА за квалификација на Европското првенство 2020 година.

    Македонија го доби натпреварот на гостувањето кај Гибралтар со 2:0, а дека нема да остава ништо на случајаноста покажа уштево првото полувреме. Нашите фудбалери доминираа во првиот дел кој го добија со 2:0 со головите на Иван Тричковски во 19.минута и Езџан Алиоски во 35.минута, а притоа упатија и уште неколку удари кон противничкиот гол. За разлика од Македонија, домашната селекција го заврши првиот дел без ниту еден упатен удар кон голот на Димитриевски.

    На стартот на вториот дел од игра излезе капитенот Горан Пандев, а шасна доби Илија Несторовски кој играше во нападот во друштво на Тричковски и Трајковски.

    Првиот удар кон нашиот гол домашната селекција го имаше дури во 64.минута од натпреварот кога топката заврши над голот на Македонија.До крајот на средбата нашите репрезентартивци не успеаја да постигнат гол, но ја имаа целосно контролата над играта и резултатот.

    Сега репрезентативците на Македонија можат да почнат да размислуваат за следниот противник, селекцијата ан ерменија со која играме во недела од 18 чсот на домашен терен во Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Инзаги : голот е нерегуларен!!

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    • Инзаги : голот е нерегуларен!!
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.