Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонија подготвена за ЕМОФ Скопје 2025, Скопје и Куманово местата каде ќе се одржат натпреварите
    Домашен микс

    Македонија подготвена за ЕМОФ Скопје 2025, Скопје и Куманово местата каде ќе се одржат натпреварите

    risteBy riste08/04/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денес беше одржана Прес-конференција на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) на која беа споделени деталите околу последните подготовки за организација на Европскиот Младински олимписки фестивал 2025 во Скопје. Овој спортски настан ќе се оджи во Скопје, а ќе има натпревари кои ќе се одржат и во Куманово од 20 до 26 јули оваа година.

    Претседателот на МОК, Даниел Димевски, ја истакна важноста на ЕМОФ Скопје 2025 како најголемиот спортски настан во историјата на Македонија и како клучна можност за развој на младинскиот спорт.

    „Станува збор за исклучително голем настан – најголемиот што досега го организирала нашата држава. Очекуваме речиси 4.000 учесници, вклучително спортисти, тренери, официјални лица и логистички персонал. Во Скопје и Куманово ќе биде присутен целиот европски младински спортски крем, односно младите спортисти кои што ќе бидат најголеми ѕвезди на следната летна олимпијада во Лос Анџелес. Организацијата на ваков фестивал е вистинска привилегија, а особено сме горди што успеавме Скопје да го вметнеме на мапата на најзначајните спортски настани во Европа. Ова е уникатна можност за промоција на нашата држава на европско ниво. На спортски план, Македонија ќе ја претставуваат околу 200 млади спортисти, а како домаќини имаме загарантирано учество во сите спортски дисциплини. Ова ни овозможува да се вклучиме и во спортови кои дури сега почнуваат да се развиваат кај нас и да лансираме цела нова генерација спортисти на возраст од 15 до 18 години – генерација што ќе созрева во годините што следат. Со тоа, имаме реална шанса да направиме вистински рестарт на младинскиот спорт во државата“, изјави Димевски.

    Во пресрет на најголемиот младински мултиспортски настан на Стариот континент, Скопје и Куманово се во финалната фаза на подготовките за организација на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули оваа година. По тој повод, на 8 и 9 април, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи традиционалниот Chefs de Mission семинар, каде што претставници од 49 национални делегации ќе имаат можност да се запознаат со организациските аспекти на фестивалот, спортските и логистичките капацитети, како и со самите градови-домаќини.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.