Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Македонија поразена и во четвртиот меч на ЕП, Шпанија не победи со 3:1
    Домашен микс

    Македонија поразена и во четвртиот меч на ЕП, Шпанија не победи со 3:1

    risteBy riste06/09/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската одбојкарската репрезентација доживеа уште еден неуспех на Европското првенство, откако го загуби и четвртиот натпревар во групата Ц и тоа од противник против кого се очекуваше дека можеме да се надигруваме и да ја бараме првата победа на ова ЕП.

    Шпанија одигра одличен натпревар и заслужено нè победи со 1:3 во сетови (23:25,25:21,28:30,15:25).

    Македонија влезе во овој натпревар со големи очекувања, а првиот сет го загуби со 23:25 и покрај добрата игра во поголемиот дел од истиот.

    Вториот сет беше она вистинското и многу поквалитетно одиграно од нашите одбојкари кои го добија со 25:21.

    Во третиот сет Македонија имаше шанса да го добие, водеше со 24:22, но дозволи Шпанија да направи пресврт и на разлика да го добие сетот со 30:28.

    Четвртиот сет беше бледа сенка на нашата репрезентација и повторно загубија со убедливи 25:15 за конечни 3:1 во сетови. Со овој пораз згаснаа сите надежи за пласман во втората фаза на овој шампионат, а Македонија последниот натпревар ќе го игра в среда, против големиот фаворит Русија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.