Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го заврши настапот во Европската Сребрена лига со нов пораз. Денеска одбојкарките беа поразени на гостувањето кај Австрија со 3:0 (25-15, 25-17, 25-7).
Со тоа нашето дебитантското учество заврши со шест максимални порази, без освоен сет. Одбојкарките по подолга пауза им се вратија на европските настапи, а во шесте меча во групата не успеаја да освојат ниту еден сет. Бевме блиску до прва радост на мечевите во Скопје, но данокот на нескуството си го направи своето.