Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја прекина серијата на одиграни натпревари без пораз откако на домашен терен загуби од големиот фаворит и лидер во нашата група Франција со 0:1.
Со ова практично се загубени шансите за висок пласман во нашата група и настап на Европското првенство (ЕП) во 2023 година. Македонија играше пред се дефанзивно и добро се бранеше во најголемиот дел од натпреварот, но сепак Франција ја чекаше својата шанса за погодок и ја дочека во финишот од натпреварот кога успеа преку Калулу да дојде до пртедност која на крајот беше доволна за победа и нови три бода во овие натпревари.
Македонија има два порази, двата од Франција, а квалификациите чќе ги шрпдолжи следната година во месец март со гостување кај репрезентацијата на Србија на 24.март 2022 година.

