Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија продолжува максимално со 3 од 3, победа и против Лихтенштајн
    Фудбал

    Македонија продолжува максимално со 3 од 3, победа и против Лихтенштајн

    risteBy riste13/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија ја прокнижи и третата победа во Лигата на нации, вечерва на домашен терен го совлада тимот на Лихтенштајн со 4:1, а тоа не зацврсти на лидерската позиција во групата 4 од Лигата Д во ова натпреварување.

    Македонската фудбалска селекција го започна натпреварот со целосна офанзива, а тоа донесе и брзо водство уште во десетата минута кога Александар Трајковски на додавање на Горан Пандев и донесе предност на Македонија од 1:0. На вториот гол се чекаше до 30-та минута кога повторно Пандев асистираше, а Трајковски по втор пат го совлада противничкиот голман за водство на нашата селекција од 2:0. Во 36-та минута Барди изведе слободен удар, упати силен удар, топката ја одби голманот Бухел, а таа дојде до Пандев кој го постигна третиот гол за Македонија. По само една минута грешка на одбраната на Македонија , а тоа го искористи Јилдиз и постигна гол за намалување на резултатот на 3:1 со кој се отиде на одмор.

    Во вториот дел нашите фудбалери не реализираа неколку одлични шанси, но сепак во 67-та минута Алиоски доби топка по кратко проигрување од корнер влезе во шеснаесетникот на противникот , се прошета низ одбраната ан Лихтенштајн и постигна гол за водство од 4:1.

    До крајот на натпреварот нашите фудбалери не реализираа уште неколку убави шанси кои можеа да ни донесат уште поубедлива победа. Интересно е тоа што овој натпревар заврши со ист резултат (4:1) како што беше пред 25 години во Крањ кога Македонија славеше против Словенија на првиот официјален натпревар за нашата репрезентација.

    Во првиот натпревар од нашата група кој се одигра денес во Ереван, Гибралтар направи сензација совладувајќи ја домашната репрезентација на Ерменија со 1:0, со гол постигнат од пенал во 50-та минута. Веќе во вторник Македонија гостува кај Ерменија во Ереван и со победа ќе може да си ја обезбеди првата позиција во групата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сејдини: Имаме успешна приказна

    27/05/2023

    Левандовски: сега видов колку значи титулата за навивачите

    27/05/2023

    Алардајс верува дека ќе го спаси тимот

    27/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.